речник контакт

Каде ќе се запишат завршените осмо одделенци во Велес?

Во новата учебна 2010/11 година во четирите средни училишта во Велес ќе се запишат 1088 ученици во прва година. Во продолжение со бројки каде и колку средношколци од Велес можат да се запишат и колку се потребни поени? Кои документи?

Петар Печков

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ  ГИМНАЗИЈА  “КОЧО РАЦИН”

Во прва година ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки (238 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

Гимназиско образование - 272 ученици, 8 паралелки,  60 минимум поени
    мак    238 уч.    7 пар.    4 г.тр.        60 минимум поени
    алб    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.        60 минимум поени


ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ  “ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ”

Во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки според наставните планови и програми за:

Економско-правна и трговска струка - 170 ученици, 5 паралелки
- економски  техничар    мак    102 уч.    3 пар.    4 г.тр.    60 минимум поени
- деловен секретар    мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.    60 минимум поени
- техничар  за трговија и маркетинг    мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.    60 минимум поени

СРЕДНО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ
    “КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ”

Во прва година ќе се запишат 408 ученици во 12 паралелки (340 уче¬ни¬ци во 10 паралелки со настава на македонски јазик и  68 ученици  во 2 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

Машинска струка – 170 ученици, 5 паралелки
- машински техничар     мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.    45 минимум поени
- машински техничар     алб    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.    45 минимум поени
- машинско -енергетски техничар    мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.    45 минимум поени
- автотехничар-мехатроничар    мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.    45 минимум поени
- автомеханичар/ машинобравар    мак    34 уч.    1 пар.    3 г.тр.    30 минимум поени

        Електротехничка струка - 170 ученици, 5 паралелки
- електротехничар за електроника и телекомуникации    мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.    55 минимум поени
- електротехничар за електроника и телекомуникации    алб    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.    55 минимум поени
- електротехничар за компјутерска техника и автоматика    мак    68 уч.    2 пар.    4 г.тр.    60 минимум поени
- електротехничар-енергетичар     мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.    50 минимум поени
   
Сообраќајна струка - 34 ученици, 1 паралелка
- техничар за транспорт и шпедиција     мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.    60 минимум поени

Угостителско-туристичка струка - 34 ученици, 1 паралелки
- келнер/ говач    мак    34 уч.    1 пар.    3 г.тр.    30 минимум поени

СРЕДНО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ
    “ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ”

Во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки според наставните планови и програми за:

Хемиско-технолошка струка - 102 ученици, 3 паралелки
- хемиско-технолошки техничар    мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.    50 минимум поени
- техничар нутриционист    мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.        45 минимум поени
- преработувач на месо и млеко    мак    34 уч.    1 пар.    3 г.тр.        30  минимум поени

Здравствена струка - 102 ученици, 3 паралелки
- медицински лабораторски техничар    мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр    70  минимум поени
- физиотерапевтски техничар      мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр    70  минимум поени
- фармацевтски лабораторски техничар    мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр    70  минимум поени

Лични услуги - 34  ученици, 1 паралелка
- козметички  техничар    мак    34 уч.    1 пар.    4 г.тр.    50 минимум поени

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот.

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
- пријава за запишување со таксена марка од 50 денари;
- оригинални свидетелства од V до VIII одделение;
- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 17 и 18 јуни 2010 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 21 јуни 2010  година.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на  24 јуни 2010 година, а резултатите ќе се објават на 25 јуни 2010 година.

Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 29 и 30 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2010  година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 19 август 2010 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 20 август 2010 година.
Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 31  август 2010 година.

Критериуми за избор на учениците се:
    среден успех на ученикот од V - VIII одделение;
    среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
    дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
    средна вредност од поени добиени за поведение.
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.
Во средното уметничко образование (музичко, балетско и ликовно) и спортската гимназија, училиштата утврдуваат дополнителни критериуми.

За средниот успех од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (средниот успех од петто, шесто, седмо и осмо одделение се собира, се дели на четири  и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети  (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од петто, шесто, седмо и осмо одделение поделен со 4).
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Објавувањето на минимумот  поени треба да се изврши:
- за првиот уписен рок, второ пријавување  на 22 јуни 2010 година.
- за вториот уписен рок на 2 јули 2010 година.

За учениците кои завршиле осмо одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (V, VI  или VII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од осмо одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре, а за останатите случаеви се земаат во предвид само свидетелствата стекнати во Република Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »